КАРАТЕТО Е НАША НАДЕЖ

Олимписки игри

Во Рио де Жанеиро, на 129 седница од ИОК, се оствари сонот на милиони каратисти од целиот свет – каратето од рамките на Светската карате федерација (ВКФ) е примено како рамноправен член на олимпиското семејство за следните Олимписки игри во Токио 2020 година. Веста е многу значајна за помалите држави, како Македонија, а секако и за градов, бидејќи имаме врвни каратисти.

– Ова е голема можност за Македонија, за младите каратисти да изборат пласман за настап на наредната Олимпијада. Многу тешко ќе биде, но возможно, за што зборуваат резултатите од светските и европските првенства – смета Златко Димоски, репрезентативен тренер.

Каратистите од целиот свет во Токио ќе се натпреваруваат во две дисциплини – кати и борби. Во кати се предвидени 20 учесници, а во борби три категории по 10, во женска и машка конкуренција. 

Loading