СИЛЕН ОТПОР ВО РИО

Катерина Николоска

Џудистката Катерина Николоска го заврши настапот на Олимпијадата во Рио де Жанеиро уште на стартот. Во првото коло, во категоријата до 63 килограми, беше поразена од Турчинката Бурса Каталоглу. Според извештаите, мечот бил докрај рамноправен и за да се добие победникот имало продолжение. Одлучиле судиите со “златен поен” за Турчинката. Прилепчанката пропушти можност за победа, меѓутоа впечаток е дека го даде максимумот, даде силен отпор, се бореше за достојно претставување на државата.

Претходно од Игрите се простија: стрелецот Нина Балабан, пливачите Анастасија Богдановски и Марко Блажевски, а претстојат настапите на атлетичарите, в сабота на Ристе Пандев, в понеделник на Дрита Исљами.

Loading