НОВО РЕШЕНИЕ ЗА ДЕСЕН БЕК

Фудбал

Екипата на Победа доживеа пораз од 0-2 на прволигашкиот старт во дербито со Пелистер во Битола, но тука не завршија проблемите. Во финишот се случи повредата на одличниот десен бек Димитриоски, кој го напушти теренот и извесно дека ќе паузира на наредните натпревари. Принудна алтернатива беше Здравески, познат досега по напаѓачките улоги. Во претходниот состав беа уште Котевски, Крстески, Колевски, Котески, Мегленски, Ј. Наумоски, Аломеровиќ, Шаркоски, Цветаноски и Гешоски, на почетокот влезе Манчевски, а во вториот дел Илијовски. Пред тренерот Дарко Крстески првенствено е дилемата кој играч да биде на испразнетото десно бековско место, а одговорот е веќе в недела, на гостувањето кај Силекс во Кратово.

Дерби е Вардар – Шкендија, а на останатите: Ренова – Македонија ЃП, Шкупи – Работнички и Пелистер – Брегалница.

Loading