Велосипедизам

Четворица Французи патувале илјадници километри за да најдат планински патеки за велосипеди низ Македонија. Универзитетскиот професор Марк Фавие, со сопругата Франсоаз и пријателите Оливие и Надин, деновиве возат низ нашите планини. Ги сретнавме кај манастирот “Свети Ѓорѓија” до Присад.
– Ние сме од олимпискиот град Гренобл, домаќин на Зимската олимпијада во 1964 година и природно што сме големи приврзаници на спортот. Во крвта ни е велосипедизмот. За овие природни убавини дознавме преку интернет. Летавме со авион од Лион до Скопје, а потоа единствен превоз ни се велосипедите. Возењето низ овие предели е уживање. Преноќевавме во манастирот Трескавец, каде бевме срдечно примени – вели Фавие.
Планот им е за 14 дена да поминат надолж и попреку низ цела Македонија.
![]()

