СПРЕЧЕН ОБИД ЗА УЗУРПАЦИЈА НА ДРЖАВЕН ИМОТ

Во склоп на  ЦК Марко Цепенков

Асоцијацијата Центар за современа ликовна уметност поднела барање за приватизација на 70 м2 простор во Центарот за култура, што е државна сопственост

Drzveniot prostor vo ramkite na CK - Toni Catleski - direktor

Министерството за култура ќе го врати во владеење просторот од околу 70 метри квадратни во центарот за култура “Марко Цепенков” што повеќе години го користи Центарот за современа ликовна уметност. Оваа граѓанска асоцијација е носител на прилепското уметничко лето во чии рамки пред годините се одвиваа уметничките манифестации, интернационалната сликарска колонија, интернационалниот скулпторски симпозиум во мермер, интернационалното студио за пластика во дрво, интернационалното ателје за скулптура во метал, интернационалните ателјеа за витраж, уметничка фотографија, мозаик, графика и интернационалната колонија за керамика.

Судот во Прилеп, со правосилна пресуда од Апелациониот суд во Битола  одлучи дека Центарот за современа ликовна уметност треба да ги напушти просториите кои ги користел бесправно и да ги предаде на корисникот на државниот простор, Центарот за култура. Покрај изминатиот рок за исселување, асоцијацијата не го ослободува просторот. Затоа Министерството за култура ангажирало извршител. Роковите се истечени и се очекува ивршителот со соодветна асистенција да ги преземе просториите и да ги предаде на Центарот за култура.

Sporniot - veke e legalen prostor na RM

Тони Чатлески, директорот на Центарот за културата, на новинарите им соопшти дека жали за ваквата судска разврска, бидејќи и тој е културен работник, уметник и раководител на културна институција.

– Секогаш сум на страната на културата, оти сум ликовен уметник, покрај сите напади врз Министерството, Центарот за култура и лично врз мене. Живо сум заинтересиран колониите, организирани од Центарот за современа ликовна уметност, да го вратат својот сјај како  пред 25 години, а не ова што е сега. Бидејќи не ја плаќаат со години струјата, а сакаа да трошат непотребно за реклама, ја исклучивме струјата. Успеваат да се вклучат со разни модуси и веќе не можат. Второ, имаат извршно решение за иселување од објектот, кој, по имотен лист, е сопственост на Република Македонија, а ние сме само корисници. Тужба и извршување поднесе Министерството за култура преку јавниот правобранител. Трето што е битно е  Центарот за култура нема никаков договор за издавање на просторот, туку само известување од пред 14 години во кое Министерството упатува да се регулираат односите со договор меѓу Центарот за култура и Центарот за  современа ликовна уметност. Таков акт до денес не е склучен и со тоа оваа асоцијација диво го користи просторот. Четврто што е дрско и лицемерно е тоа што Центарот за современа ликовна уметност побарал од локалната самоуправа да го легализира просторот на нивно име, иако немаат никакви аргументи, оти објектот е во сопственост на Република Македонија –  вели Чатлески.

Srz na kulturata - centarot za kultura

Инаку, овој простор е во државна сопственост од изградбата на Центарот за култура пред 35 години. Пред повеќе од 20 години Центарот за култура го предаде просторот на користење на угостителската фирма Ерато. По нејзиното пропагање, Центарот за култура си го врати просторот. Не е познато како стасал просторот во рацете на Центарот за современа ликовна уметност. 

Loading