НОВА МОДЕРНА ЛИНИЈА ЗА ЧОКОЛАДА

Витаминка

Investiciite se drzenje cekor so vremeto - Saso Naumoski  - generalen direktor na Vitaminka

Витаминка ќе добие нова производна линија за чоколадирани производи и нов магацин во кои се инвестирани два милиони евра. Средствата се обезбедени преку кредитната линија на Европска банка за обнова и развој.

– Помошта за поттикнување на конкурентноста на ваквите компании е главната цел на деловниот модел на ЕБОР – изјави Миљан Здрале, шеф на Одделот за агробизнис за Централна и Југоисточна Европа во ЕБОР.

За генералниот менаџер на Витаминка, Сашо Наумоски, инвестицијата ќе им овозможи поголем капацитет во производството, а со тоа и ќе имаат поголеми можности за пласман на своите производи во странство.

– Дел од растот на една фирма е постојаното инвестирање во нови машини, што значи и постојано подобрување на квалитетот на производите. Во свет на иновации, каде што нештата постојано се менуваат, од есенцијално значење е да бидете во чекор со тие промени – рече Наумоски.

Според Анка Јоана – Јоанеску, претставник на канцеларијата на ЕБОР за Македонија, потпишувањето на новиот заем е потврда на поддршката која ЕБОР ја дава на македонскиот реален сектор и довербата која Банката ја има во потенцијалот на македонските компании.

vitaminka

Досега ЕБОР за Витаминка има обезбедено кредити во износ од 9,5 милиони евра, со кои е финансирана инвестициска програма, која вклучува набавка на нови енергетско – ефикасни производствени линии, опрема за пакување и модернизација на производните капацитети. Витаминка изевезува дури 45 отсто од производите.

Од започнувањето на активностите на ЕБОР во Македонија во 1993 година, Банката има инвестирано 1,65 милијарди евра во повеќе од 100 проекти во земјата.

Loading