ПАК, СЕ КОПА КАЈ СТАРО БОНЧЕ

Kaj Staro Bonce novi istrazuvanja

Археолози копаат десетта сезона на локалитетот Старо Бонче. Раководи Антонио Јакимовски, а вклучени се и Филозофскиот факултет од Скопје и Завод и Музеј Прилеп. Старо Бонче е локалитет кој се наоѓа помеѓу селата Подмол и Бонче.

– Очекуваме дополнителна слика за загатката скриена со векови на овој простор. Според досега познатите локалитети најраното живеење започнува околу 7 век п.н.е. се интензивира животот откриен преку погребувањето во доцноархајскиот период и раната антика 5-4 век п.н.е – објаснува Јакимовски.

Во  најстарите документарни извори се споменуваат владетелите на Пелагонците  од 4 век п.н.е. Се наоѓаат на два антички натписи. Првиот од 365/4, а вториот од 363/2 година п.н.е.

– Според досега откриените неколку раноантички објекти, како и неколку некрополи, а секако и крунскиот доказ, кралската гробница единствена на овие простори, со право ја оправдуваат тезата на проф. Виктор Лилчиќ за  утврдување на античкиот град Пелагонија како  престолнина на четвртата македонска мерида на просторот на Старо Бонче -додава археологот.

Во досегашните ископувања пронајден е голем движен археолошки материјал, меѓу кој најексклузивни се трите штита испишани со името на македонскиот крал Деметриј и многу монети ковани од македонските кралеви.

Loading