КОНЦЕПТ ИЗЛОЖБА ОД БУБА М. СОЛАК

Прилепско културно лето

Interesniot koncept na Buba M. Solak pred prilepcani

Концепт изложбата „LIFE IS A GAME – ART IS A LIFE  II“ од десетина дела од Буба М. Солак ќе биде отворена вечерва од 20 часот во ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков” во рамките на Прилепското културно лето.

Се пренесува “Играта” на поинаков начин меѓу авторот и гледачот, која ги спојува заемните имагинации и искушенијата кои се интересен момент, но и одговор до каде оди трансформацијата и комбинацијата на градењето на ново расположение.

– Карактеристиката е цртежот во служба на бојата која подолго време е мој ракопис – вели авторката.

Буба М. Солак е дипломец на ФЛУ. Член е на ДЛУМ, ДЛУБ, ДЛУК И ИКОМОС Професор е по ликовна уметност во Битола. Работела на конзервација и реставрација на објекти. Имала самостојни изложби низ земјава и странство и била учесник на колонии. Добитник е на повеќе награди и признанија.

Loading