БОРБА ЗА СВЕТСКИТЕ МЕДАЛИ

Моделарство

Svetsko prvenstvo

Прилеп цела недела е домаќин на најголемата спортска манифестација, Светскиот јуниорски шампионат во воздухопловно моделарство на аеродромот кај Мало Коњари. Борбата за  медалите почна во средата, денеска е третиот турнус, а утревечер е предвидено свеченото затворање со прогласување на победниците. Саботната церемонија на Камената бина ќе може да се проследи од 18 часот.

Претходниот викенд беше прилагодувањето на дел од учесниците низ Светскиот куп “Трофеј на Прилеп”.  Учествуваа стотина натпреварувачи од дваесетина земји, а медалите се поделени во пет категории. Во Ф-1-А првак е Захара (Словачка), пред Ломов (Русија) и Стошиќ (Македонија). Во Ф-1-Б победи Села (Израел), пред Гостоиќ (Србија) и Тисерон (Франција). Во Ф-1-Ц триумф на Дроздов и Вјазов (Русија), пред Стојановски (Македонија). Во Ф-1-П медалот е за Русинот Трапезников, а во Ф-1-Х тројцата најдобри се: Паркер (САД), Леви и Ројзин (Израел).

Loading