ГРЧКО – РИМСКИ СТИЛ ВО СОМБОР

Борење

Megunarodni aktivnosti - BK 7 Maj Leov

Клубот 7 Мај Леов, по кусиот одмор, продолжува со летните активности. Од 1 до 7 август е Меѓународниот камп во Сомбор, Србија. Таму отпатуваа 10 членови, предводени од спортскиот директор Рубин Талески и сениорскиот репрезентативец Теодор Темелковски. Престојот е значаен што покрај женското борење, слободниот стил, ќе има и нешто ново за нашите борачи, а тоа е грчко – римскиот стил.

– Неколку месеци веќе го негуваме. Услов е за  да учествуваме на Европско и Светско првенство. Таму мора да имаме партиципиенти во сите три конкуренции: слободен, грчко – римски стил и женско борење. Разликата е што во досегашниот, слободен, дозволени се зафати по целото тело, а во новиот стил само во  горниот дел – вели Сашо Игњатовски, тренер.

Учествуваат стотина борачи од Македонија, Србија, Унгарија, Словачка и Хрватска.

Loading