СО ВЕЛОСИПЕД НА ПИКНИК

Со велосипед, и на пикник. Група фанатици на велосипедизмот, ги грабнаа возилата на две тркала и педали, и опремени со намирници отидоа на пикник во зеленилото на Паркот на револуцијата. Ем се рекреираа, ем не ја загадуваа околината. Уживаа и се релаксираа во природата. Се качија на малку посвежо место за дружење и забава како идеална локација да се изладат од горештините. Ја искористија последната среда од месецот за поинаков вид на урбан велосипедизам.

Инаку, запалениците во велосипедизмот организирано ќе се возат секоја последна среда во месецот што е активност на здружението “Критична маса” за “Велоград”. 

Loading