КНИГИ НА ПОПУСТ

До крајот на август, сите изданија на „Македоника литера“ ќе се продаваат со попуст, во книжарницата „Викели”.

Ќе се продаваат по намалени цени книгите од областа на детската литература, белетристиката и историографијата. Љубителите на добрата книга за време на летната акција ќе може да најдат наградувани и високовреднувани современи европски романи, многу наградени романи од Балканот, дела од класиката, историски романи, дела од македонски автори, книги за деца и вредна историска литература.

Loading