ЗГАСНУВА ЗИБИЈАТА

Veke nema kozi vo zibijata

Чевли, кикиритки, печатени материјали излегуваат од некогашната фабрика за преработка на сурови крзна, позната под името Зибијата покрај долниот дел од Градската река.  Во објектот се штавувале кожи и крзна на говедата, овците, козите, јагнињата, па и од свињите. Одамна е напуштена дејноста на објектот за која бил граден. Загубена е функцијата. Последните социјалистички остатоци сметаа дека просторот е соодветен за фабрика за чевли. И таа бранша ја изеде транзицијата.

Сепак објектот ја зачува носечката архитектура и со корекциите на фасадата и внатрешноста, за да сведочи на времињата што изминале.  

Loading