ШТАРГОСКИ ВО МЛАДОСТ 96

Пинг – понг

ping-pong

Новиот суперлигаш, Младост 96, има амбиции да се задржи во елитното друштво. Затоа е ангажиран Александар Штаргоски, повратник од Струга. Во богатата кариера има титула шампион во двојки, заедно со брат му Гоце. Искуството е добредојдено во екипата, каде товарот го носеа младите Александар Рикалоски, Антонио Стомнароски и Христијан Иваноски. Тренерите Златко Рикалоски и Методија Иваноски закажаа старт на подготовките во средината на август.

– Со сериозен пристап Младост 96 не би требало да стравува за опстанокот. Очекуваме плодна сезона, со градско дерби со Младост. Тоа ќе биде искуство наспроти желба за докажување. Фер – плејот и респектот сигурно ќе бидат на прво место – вели тренерот Рикалоски.

Останати суперлигаши се: Гоце Делчев, Шампиони (Штип), Работнички, Вардар (Скопје), Радовиш и победникот од баражот помеѓу Телеком (Скопје) и Мултитекс (Битола).

Loading