ДОБРО Е ШТО ПАДНА ШКЕНДИЈА

Големо Коњари

Golemokonjarcite ne se plasat od gigantot Skendija

Според ждрепката за 16-финалето во купот, екипата на третолигашот Големо Коњари треба да се сретне со вицешампионот и учесникот во третото коло од квалификациското коло од Лигата на Европа, тетовска Шкендија. На гости доаѓа гигант, но големокоњарците не се плашат од никого.

– Посакувавме атрактивен противник. Добро е што ни падна токму Шкендија со моќен состав. Наше е да одиграме добро, да дадеме максимум. Засилени сме со неколку квалитетни играчи и нема да се предадеме пред многубројните навивачи. Ќе бараме дуелот да се игра на нашето игралиште, бидејќи стадионот во Прилеп се реновира – вели Кронислав Мантароски, претседател на Г. Коњари.

Натпреварот е закажан за 17 август, а подобриот оди во осминафиналето од Купот.

Loading