ПРИЛЕПЧАНЕЦ ВО ЈАМИТЕ НА ВЕЛЕБИТ

Iskusen speleolog vo dlabokite pesteri - Darko Nedanoski

Дел од повеќедневната интернационална експедиција за спелеолошки истражувања на доста тежок терен на планината Велебит во Хрватска е искусниот член на спелеолошкиот клуб Златоврв, Дарко Неданоски. Тој учествува во истражувањата на длабоките јами, вклучително и најдлабоката на Балканот, системот Лукина Јама – Тројама во длабочина од 1431 метри. Главните истражувања се насочени кон откривање на нови канали во Словачка Јама на длабочина поголема од 700 метри и на други длабоки јами на хрватскиот масив крај Јадранот.

Неданоски е потврден македонски спелеолог со активно учество во повеќе истражувања во Македонија и странство и успешно минати повеќе обуки и вежби за спасување во пештери во соседните држави.

Експедицијата е во организација на Спелеолошкиот отсек на друштвото Велебит од Загреб во соработка со Комисијата за спелеологија при Хрватскиот планинарски сојуз и Загребскиот спелеолошки сојуз.

Инаку, најдлабоката јама во Македонија е Словачка Јама на Караџица, истражена до длабочина од 610 метри.

Loading