ЏАИЌ ВО ПРИЛЕП

Историја

Moment posle zavrsuvanjeto na mecot

Една од најголемите ѕвезди во историјата на југословенскиот фудбал, Драган Џаиќ, гостуваше во Прилеп. Во 1980 година, една година по прошталниот меч со Аргентина, играше мал фудбал пред полните трибини во салата “Македонија”. Настапи во дресот на Црвена звезда против домашниот состав на Победа. Публиката уживаше во атрактивните потези и во осумте гола, бидејќи мечот заврши 4-4. За Победа играа: Петар Секулоски – Вукас, Цане Конески, Петар Јованоски, Васко Димитриоски, Гоце Манески, Борче Ангелески, Иван Мечев, Јове Магдески, Ристо Глигороски и Венцислав Сусулески. За Звезда настапија безмалку сите репрезентативци: Микан Петровиќ, Драган Џаиќ, Мирослав Павловиќ, Јован Ачимовиќ, Слободан Јанковиќ, Станислав Караси, Воин Лазаревиќ и Зоран Антониевиќ. Правдата на паркетот ја делеа судиите Трајче Маџоски и Љупче Котески.

Loading