НИКОЛОСКА НА ОЛИМПИЈАДА

Џудо

Katerina Nikoloska

Џудистката Катерина Николоска е една од шестте македонски учесници на претстојната Олимпијада во Рио де Жанеиро, Бразил. Долго време е членка на скопскиот клуб Миоки, меѓутоа израсна од ЏК Пролетер. Тогаш тренер и беше Славе Димитријоски, а и сега е прилепчанец – Игор Паскоски. Николоска настапува во категоријата до 63 килограми, каде е меѓу најдобрите на Балканот. Има многубројни медали на меѓународни натпрварувања. Оттука и очекувањата за добро претставување во Рио, каде конкуренцијата ќе биде мошне силна. Покрај неа, на Игрите ќе учествуваат уште: атлетичарите Дрита Исљами и Ристе Пандев, стрелецот Нина Балабан и пливачите Анастасија Богдановски и Марко Блажески.

Претходно учествуваа тројца прилепчани: стрелцот Дарко Насески (1996), атлетичарките Даниела Кулеска (2000) и Христина Ристеска (2012).

Loading