КАРАТИСТИ ПРОДАВАА СЛАДОЛЕД

Историја

Во февруари 1988 година беше формиран карате клубот Прилеп. Бидејќи задоцни со регистрацијата, не можеше да влезе меѓу спортските клубови кои го делеа финансискиот колач од СИЗ за физичка култура. Така беспарицата се наметна како тежок, нерешлив проблем. Меѓутоа, клубот одлучи да не бара помош од никого, туку сам да бара решение. Склучен беше договор со комбинатот ПКБ од Белград за продажба на сладоледи. Штом фатија жештините почна продажбата на сладоледи на повеќе локации низ градот. Младите каратисти во улога на продавачи заработија доволно пари за клупските потреби. Со тие средства беше овозможено 25 членови да реализираат седумдневни подготовки во Претор.

Loading