КАПИТЕН И ТРЕНЕР ВО РОМАНИЈА

Горан Кузманоски

Голема ѕвезда е Горан Кузманоски во екипата на романскиот прволигаш Одорхеи. Тоа го заслужи со одличните настапи на бековската позиција во изминатите шест години. Беше капитен, а деновиве е назначен и за помошник – тренер. Големо признание за големиот спортист и човек. Веќе работи во новата улога, реализирајќи ги летните подготовки на екипата. Дознаваме дека на кондициски план користел најсовремен систем на вежби со велосипеди. Повеќе забавно, отколку напорно. Секој ракометар на велосипед.

И во новото првенство Одорхеи, екипа на унгарското малцинство, атакува на висок пласман во првенството на Романија.

Loading