ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ИЗГОРЕНИТЕ КОНАЦИ НА ТРЕСКАВЕЦ

Vo poln ek gradeznite aktivnosti za izgradba na konacite   na Treskavec

Српската фирма „Кото инженеринг“ ја почна изградбата на изгорените конаци на манастирот Трескавец. Градежните работи се во полн ек, од западниот, источниот и северниот конак на површина од 2000 м2. Реконструкцијата на целиот манастирски комплекс треба да заврши до 2018 година.

– Одлично е портфолиото на фирмата “Кото”. Работи на реставрација на вакви споменици и има постигнато добри резултати. Конаците ќе се изградат за три години, оти Трескавец е споменик на култура. Се договоривме за друг пристап за камионите до манастирот за непречено изведување на работите – изјави министерката за култура Елизабета Канчевска – Милеска.

“Кото” ќе се потруди да го врати сјајот на конаците предвреме, според сите стандарди.

Паралелно, Заводот и Музеј работи проекти за црквата, магерницата и трпезаријата кои датираат од 13 век.

Според Канчевска – Милеска, елаборатот за превентивна заштита треба да биде готов следната недела.

– Идната година започнува конзервацијата – додава таа.

За градоначалникот Марјан Ристески, обновата на манастирот ќе влијае за развојот на манастирскиот туризам.

Според отец Калист за МПЦ е важна и изработката на проектите за црквата, трпезаријата и магерницата.

– Џабе ќе бидат конаците ако не се реконструираат црквата, трпезаријата и магерницата. Имаме ветување од Министерството за култура – вели тој.

Конаците на Трескавец изгореа  февруари пред три години.

Loading