ЗАПОЧНУВА ДЕВЕТТАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ДРЕН

Со изложба на инсталација на Мирна Арсовска и Дејан Буѓевац в недела од 20 часот во ликовната галерија, ЦК „Марко Цепенков“ ја стартува годинашната деветта ликовна колонија Дрен. Од годинава колонијата има мултимедијален карактер и ќе се одржува во ликовното ателје и во дворот на Центарот.

Според Тони Чатлески, директор на Центарот, на колонијата, освен сликарството ќе бидат застапени и сите модерни форми на уметноста, а ќе  учествуваат 20 уметници од Прилеп, Македонија и од Русија и Србија.

До 23 јули, кога ќе биде затворањето на колонијата и преставувањето на создадените дела, ќе творат нашите сограѓани Емил Солески, Верче Николоска, Васил Костов, Кирил Гегоски, Александар Џинго,  Билјана Бинчев и Марјан Стојаноски, Мирна Арсовска (Македонија) Рада Тихоновскаја (Русија) и Јошкин Шикљан, Горан Деспотоски, Мирослав Живковиќ, Јелена Фрида Стошиќ, Марија Алексиќ, Светлана Карма и Снежана Манасиќ (Србија).

Колонијата Дрен е дел од манифестацијата Прилепско културно лето, што ја реализира ЦК „Марко Цепенков“.

Loading