ПРИВИЛЕГИРАНА ЖДРЕПКА ЗА ПРИЛЕП

Ракомет

Moment od mec vo Univerzalna

Како што информиравме, наместо во Челинџ, екипата на Прилеп ќе настапува во европскиот куп на ЕХФ. Ждрепката во европската ракомета федерација ќе биде извршена во вторник. Отсега се знае дека прилепскиот тим ќе биде привилегиран, поради рејтингот на македонскиот ракомет. Тоа значи дека Прилеп ќе биде носител, а во таква позиција ќе ги одбегне најсилните во купот, како Порто (Португалија), Кретеј и Шамбери (Франција)… Можни противници се 16 тима, Спортинг (Португалија), Турда (Романија), Сент Гален (Швајцарија), Хаслум (Норвешка), Партизан (Србија), Визе (Белгија), Запорожје (Украина). Дикеас (Грција), Хари Ал (Холандија), Хапоел Аштод (Израел), Еш (Луксембург), Тасова (Турција), Кастриоти (Косово), Локомотив (Бугарија) Слес (Кипар) и Вогошќа (БиХ). Има овде полесни ривали, како грчкиот Дикеас, луксембургшкиот Еш, косовскиот Кастриоти, бугарскиот Локомотив, или кипарскиот Слес.

Како најатрактивен може да се смета српскиот Партизан, со кого некогашниот Тутунски се сретна и беше елиминиран со еден гол разлика во купот КПК во 2001 година.

Loading