ПЕС НА СЦЕНА

Prezmeni se site merki za bezbednost

Големите манифестации како Пивофест секогаш се будно следени од безбедносните служби, зашто собирите се масовни, а сигурноста на посетителите е приоритет број еден и се крева на највисоко ниво. При преземањето на сигурносните мерки и процедури се користат сите расположливи методи да не биде доведена во прашање или загрозена безбедноста на посетителите и учесниците ниту во еден миг. Некогаш контролите се дискретни, но некогаш е можно да бидат фатени од објективите на снимателите. Надзорот на огромната сцена со дресирано куче не е некоја новина, но овојпат излезе на виделина при проверката на сцената. Тренираното куче, упатувано од својот водич, не откри никакви сомнителни предмети на огромната бина.

Патем, и ЈП Водовод и канализација, и годинава, ги запечати шахтите на дождовната канализација на Булеварот додека се слави пивото. 

Loading