ЛЕТАЛА КАКО ЦВЕТОВИ

Во Крушево стартува Европско првенство во змејарство     

Svetski letala nad Pelagonija

 

Крушево ќе биде домаќин на 19. Европско првенство во змејарство класа 1 и 7. Светско првенство во змејарство класа 5 што ќе се одржува од 17 до 30 јули.

Извршено е тампонирање и поставена е вештачка трева на полетиштето на Мечкин Камен од каде ќе стартуваат леталата кои наликуваат на расфрлани цветови оддувани од ветрот под бистрото сино небо, а над пелагониското поле како зелен килим.

Крушево, на надморска височина од 1350м., е највисокиот град на Балканот и важи за една од најдобрите европски и светски локации за параглајдинг, кој многупати се докажало како успешен организатор на параглајдинг и змејарски натпревари од различен тип и ранг.

Доколку на овие атрактивни спортски натпревари, се додадат богатата културна програма, чистиот планинскиот воздух, гостопримливоста на крушевчани и ниските цени, Крушево го очекува одлична туристичка летна сезона.

Loading