МЕЃУНАРОДНА НАГРАДА ЗА НАЈМЕНАЏЕР И ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

За претседателот на Одборот на директори на Витаминка, Симон Наумоски

Internacionalno biznis priznanie za Naumoski

 

Симон Наумоски, претседателот на Одборот на директори на Витаминка, е добитник на Златна плакета за најменаџер и наградата за животно дело во менаџирањето и бизнисот на регионалната агенција за избор и промоција на најуспешните деловни луѓе и компании на територијата на Југоисточна и Средна Европа, Европското здружение на менаџери и магазинот Еуроменаџер од Сараево.

– Наградата има посебна тежина затоа што доаѓа од регионално тело со високи вредносни критериуми. Значајна е затоа што доаѓа во период кога славиме 60 години успешна работа на Витаминка. Не е коинциденција статусот на Витаминка во Македонија и македонскиот бренд во прехранбената индустрија во земјите од регионот – изјави Наумоски.

Тој во улога на менаџер во Витаминка е од 1974 години кога компанијата била позната како Пиперана, производител на само еден производ, мелен црвен пипер. Овие 42 години Наумоски ја водеше Витаминка низ најтешките и предизвикувачки периоди и ја издигна на ниво на лидер на пазарот во прехранбената и кондиторската индустрија.

Според организаторот на изборот, наградите и признанијата се потребни затоа што претендираат да го променат системот на вредности, каде најпризнати и најпочитувани би биле оние кои што придонесуваат за развојот на економијата и кои создаваат нови вредности.

Манифестацијата се организира по 34-ти пат и претставува релевантно тело за валоризација на деловните резултати и менаџерските вештини. Во десет категории, за оваа престижна награда годинава беа номинирани околу 1.000 менаџери и компании од сите области, а признание добија само 22 најистакнати и најзаслужни.

Loading