ГРАДЕЖНА И ИНФРАСТРУКТУРНА ЕКСПАНЗИЈА

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски, во општините Долнени и Кривогаштани

Gruevski gi slusa zelbite i na vozrasnite ziteli

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со соработниците оствари средба со жителите и изврши увид на неколку инфраструктурни работи во општината Долнени. При тоа нагласи дека Долнени била подолг период неоправдано запоставувана општина од инфраструктурен аспект.

– Градиме два патни правци, а тоа се од Дупјачани до Небрегово и од Мраморани до административната граница на општина Долнени со Прилеп. Завршен е патот Мраморани – Дупјачани, долг 5,2 километри. Во Дреновци се гради водовод кој треба да биде завршен за три месеци. Во тек е и најголемата инвестиција во оваа општина, а тоа е патот Црнилиште – Ропотово – Лажани во кој се вложуваат 1.8 милион евра. Патот е долг 17 километри, од кои 14 се завршени, а се проширува патот од 3,5 метри на 4,6 метри. Се гради и мултифункционално игралиште во Ропотово за 150 илјади евра. Се очекува да биде готово до крајот на август. При финализација е и реконструкцијата на Домот на културата во Ропотово. Инвестицијата е 5,5 милиони денари, буџетска поддршка за Долнени. Се очекува да биде завршена во август – појасни Груевски.

Тој ќе бара начин да се заврши и патниот правец Дупјачани – Дреновци.

Груевски ја заврши обиколката на општината Долнени со посетата на манастирскиот комплекс “Св. Преображение” во селото Зрзе.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги посети и Кривогаштани и Крушеани при што ги слушна барањата и потребите. Во општината Кривогаштани се завршуваат проекти, вредни над три милиони евра. Се работи за изградба на четири или пет улици, канализации, објекти што се значајни за младите, како што е спортската сала и мултифункционалното игралиште, сточниот пазар и плоштадот, кој се завршува.

Loading