ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА ИНТЕР

Зоран Даноски

zoran-danoski

Нов клуб на Зоран Даноски (25) е Интер Запрешиќ. Практично, го зазема местото во нападот на Илчо Несторовски, кој се пресели во италијанскиот Палермо. Во хрватскиот прволигаш со задоволство информираа за трансферот.

– Интер доведе засилување за следната сезона. Станува збор за напаѓачки ориентиран фудбалер, кој може да ги покрие двете крилни позиции или да заигра како полушпиц. Очекувањата се големи. Нападот на Интер добива на квалитет – сметаат во Запрешиќ.

Настапуваше во чешките Мост и Прибрам, кусо и во скопскиот Металург. Матичен клуб му е Победа. Хрватското првенство стартува на 17 јули, кога Интер гостува на Славен Белупо, а мечот со шампионот Динамо во Загреб е на 13 август.

Loading