ТРУБАЧКИ АМБАСАДОР

Дејан Петровиќ      

Dejan Petrovik i Big bend

Дејан Петровиќ е син наследник на најпознатиот српски трубач, Миќо Петровиќ. Со брат му Дарко се четврта генерација трубачи. Дејан е најмладиот добитник на “Мајсторско писмо”, повеќекратен добитник на сите награди на Саборот во Гучи, меѓу кои е и наградата Прва труба на светот. Познат е по изведувањето српска традиционална музика, комбинирана со тотално спротивни, модерни елементи. Тоа е фузија на звукот на традиционалните инструменти на трубачки оркестар и други инструменти кои претставуваат спој на звукот на труба и дисторзија на електрична гитара. Зад себе има 4 дискографски изданија. Покрај авторска музика, на репертоарот има мноштво странски обработки и интернационални нумери чија интерпретација е многу автентична, благодарение на концепцијата на бендот. Учествувал на сите големи, домашни, музички фестивални и безброј пати ја претставувал Србија на разни светски музички саеми, спортски и културни настани, фестивали. “Амбасадорот на српската труба”, со заразниот звук на трубата ќе ја крене на нозе публиката, запалувајќи го амбиентот со најголемите модерни хитови обработени во звукот на трубата.  

Loading