ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ В ПАЗАР

Kontejnerite ke stanat nevidlivi

Три подземни контејнери со капацитет од три кубици ќе се изградат во пазарот за хигиенско и полесно депонирање на сметот. Локалните власти дадоа виза за градба на објектот на нивото на улицата во пазаришниот простор. Инвестицијата не е скапа и ќе ја носи ЈП Пазари. Новиот начин за ослободување од сметот е пробен и ќе се користи во непазарните денови. Додека во пазарните, фрлањето ќе се одвива преку голем контејнер кој ќе се носи навечер во среда и во сабота и ќе се одвезува ноќта.

Според директорот Пецо Димоски, станува збор за поставување на три подземни контејнери на длабочина од два метри.

– Контејнерите ќе бидат херметички затворени на длабочина од околу два метри на нивото од пазарната улица. Во непазарните денови хигиеничарите ноќе ќе ги полнат со смет и истата вечер ќе се креваат машински од дното да ги преземе камион на Комуналец. Со овој систем ќе се забрза работата на чистачите, кои досега отпадот го носеа на 200-300 метри оддалеченост. Новиот систем нема да ја загадува околината и ќе влијае на одржување на чистотата – вели Димоски.

Овој метод е успешно имплементиран во некои градови во земјава, а во нашиот пазар ќе биде експериментален. Ако се покажи ефикасен, ќе се постават под земја уште неколку контејнери во близина на џамијата.   

Loading