ПЕАТ, СВИРАТ И СКОКААТ ВО ТРЕТОТО ДОБА

Raznoliki izvedbi od tretoto doba

На 12. манифестација „Пензионерите пеат“

Во рамките на 70 годишнината од пензионерското организирање во Македонија, Здружението на пензионери од Прилеп беше домаќин на 12. манифестација “Пензионерите пеат”. Свилените и усогласени гласови на гостите, исполнители, од Битола, Богданци, Велес, Гевгелија, Демир Капија, Кавадарци, Неготино и Кочани екнаа низ преполната сала, покажувајќи дека луѓето од третото доба умеат да ги погалат ушите и да потсетат на едно убаво време што поминало. Ведрите песни на пејачките групи укажаа дека животот во поодминати години има смисла. Мразот го скршија домашните КУД, Пенка Котеска и Пензионер. Без натпреварувачки карактер, на манифестацијата  демонстрираа максимална посветеност и напор за подготовките и настапот. Дури и со соодветната облека и носиите се изрази готовност за чување и негување на националното фолклорно богатство. Пензионерите ги изведоа песните прецизно, во најразлични колоритни гласови, а понекои следени од староградски инструментални состави. Изведбите на македонските народни и изворни песни беа израз на вековната традиција која е наследство и за идните генерации. Македонските бисери од грлата на највозрасните оставија најсилен впечаток од велешаните со сплетот за гемиџиите и изведбата на песната “Бог го прости Миле Поп Јорданов”. Со громогласен аплауз беше награден и солистот Трајче Лазаров од кавадаречкото здружение на инвалидски пензионери.

Gradonacalnikot ja pozdravi manifestacijata

За учеството добија благодарница.

Манифестацијата ја поздрави претседателот на прилепската асоцијација на пензионерите, Кирил Ѓорѓиоски. Многу здравје и долг живот со многу вакви средби посака и градоначалникот Марјан Ристески.

Веселбата ја заокружија во ресторанот ЦЕ со заедничко дружење и ручек. 

Muzika niz scenska igra

Polna sala so lugje od tretata doba

Loading