ОСТВАРУВАЊЕ НА ЖЕЛБИТЕ

Кај Маркова Чешма за Иванден

Vodosvet kaj hramot kaj Markova cesma

Пак, вербата дека е свето место во кое чуда се случуваат, донесе полно народ во храмот во изградба Св. Јован Крстител кај Маркова Чешма. Со света литургија се празнуваше Иванден, празникот посветен на раѓањето на заштитникот на храмот. Сé помасовна станува традицијата кај Маркова Чешма, оти се шири гласот за чудотворната  света вода од бунарот што ги остварува желбите. Таа моќ е воздигната од шестмина иницијатори кои кренаа манастир со параклис, а се градат и конаци. Се негува чинот на домаќинлакот 10 години. И домаќините, и гостите најдуваат катче за молитва и за дружење во мир. 

– За Водици бев првпат и ми се оствари желбата за здравје. Сега пак ме понесе атмосферата да бидам домаќин. Овде има некоја посебна енергија – вели Ирина Стеваноска.

Vodosvet

Сите тежнеат храмот да се посетува помасовно и почесто. 

Loading