ПОТПИС ЗА ДУНАЈСКА СРЕДА

Дарко Тофилоски

Darko Tofiloski

Голманот Дарко Тофилоски (30) ја смени клупската средина. Од досегашниот Ружомберок се сели во Дунајска Среда, што значи дека останува во Словачка. Потписот е на една година, со можност за продолжување на уште една.

– Имав изгледи за втора и трета лига во Германија и Полска, ама не ми се чека повеќе. Лани така чекав, чекав и дури последната шанса ја најдов во Ружомберок – вели голманот.

Веќе седма година е во Словачка. Најдолго, пет години беше во Кошице, потоа во Ружомберок. Тимот на Дунајска Среда е седмопласиран. Истоимениот град е во близина на границата со Унгарија, во регионот Трнава.

– Осумдесет отсто се Унгарци. Позната ми е лигава и како се редат сезоните се подобар сум таму. Направив добар избор – рече Тофилоски.

Словачката лига стартува во средината на јули.

Loading