МАМЕЦ – ЧЕТВРТПАТ ШАМПИОН

Mamec na tronot so pehar i medali

По петте натпревари на државното првенство на Македонија во лов на јадица со пливка, спортско риболовното друштво Мамец го освои првото место. Во екипата беа Иван Илијевски, Блаже и Рубин Николоски и Кире Груески.

Триумфот на Мамец е четврт по ред меѓу девет екипи од Скопје, Велес, Струмица, Куманово, Кавадарци и Охрид. Титулата државен првак носи право на учество на Светското клупско првенство во 2017 година.

Риболовецот Иван Илијевски стана државен шампион во поединечна конкуренција и обезбеди место во репрезентацијата на Македонија на Светското првенство в година.

Loading