ХИТОВИ ОД ПРЕД 40 ГОДИНИ

Парни валјак   

Parni valjak       

Прилеп ќе биде местото од каде што сега хрватската, но некогаш најголемата југословенска поп – рок група, Парни Валјак, ќе потсети што беше тоа балкански поп – рок, носејќи ги на сцената хитовите на кои што креваат раце многу генерации. Настапот на легендарниот бенд, не само што ќе биде проследен со овации, туку ќе претставува спектакл кога во еден глас ќе се пеат нивните вечни хитови: Све још мирише на њу, Моја је песма лагана, Јесен у мени, Ухвати ритам, Године пролазе…

Парни Валјак од 1975 година, во кариерата, освен 18 албуми, има и 5 компилациски изданија и 5 албуми во живо. Бендот остана релативно мал но посветен повеќе од 40 години. Без разлика на годините, многу луѓе уште трчаат да купат билет за нивните концерти. Членовите на бендот се Аки Рахимовски – вокал, Хусеин Хасанефендиќ – гитара, Маријан Бркиќ – гитара, Берилав Блажевиќ – клавијатура, Звонимир Бучевиќ – бас гитара, Дражен Шолц – тапани, Тина Рупчиќ – вокал, Анита Млинариќ – саксафон. Последниот настап во 2005 година беше концертот за Нова Година во Загреб. Во 2009, повторно се обединија за турнеја низ Хрватска. Во октомври 2010 имаа два концерти во белградската арена проследени од 44.000 луѓе.

Македонија имаат посебна врска поради лидерот на бендот, Аки Рахимовски кој е роден во Ниш, но живеел во Македонија. И ден денес не пропушта да каже дека е Македонец. 

Loading