ТРЕСКАВЕЦ – ИСКОНСКО КУЛТНО МЕСТО

2. Treskavec znacaen kulten centar

Додека интезивно се подготовува стартот на обновата на изгорените конаци на манастирот Трескавец, финишираа двомесечните истраги, кои потврдија дека комплексот е исконско култно место во биогеографската целина од Северна Пелагонија. Милениумското користење ги менувало модалитетите на култните содржини – антички храмови посветени на Аполон Еутаданос (Громовник) и Артемида, ранохристијанска базилика и средновековен манастирски комплекс.

Според д-р Бранислав Ристески, научен советник-археолог во Институтот за старословенска култура, истрагите ги разјаснија етапите во развојот на античката населба Колобаиса. Заокружени се фундаменталните сознанија за историјата на материјалната култура добиени во 2014 година, со акцент на историјата на манастирот со црквата посветена на Успението на Пресвета Богородица од средината на 12 до средината на 19 век.

– Констатиравме десет основни етапи во егзистенцијата на археолошкиот комплекс, од доцно бронзено време до средината на 20 век – изјави Ристески.

Материјалните манифестации се поврзани со егзистенцијата на античката населба Колобаиса и со материјализираната христијанска духовност на манастирскиот комплекс.

Loading