ГАЈДИ, ТАПАНИ… НИЗ УЛИЦИТЕ И ВО ДОЛНЕНИ

Денеска и утре

1. Kavali na bina i pod vedro nebo vo Dolneni

Низ Прилеп и на Рудина во Долнени денеска и утре ќе се слушнат гајдите, тапаните, тамбурите… на 42 – то издание на фестивалот на народни песни и инструменти “Пеце Атанасоски”. Ќе настапат 350 инструменталисти и групи од Македонија, Србија, Русија и Бугарија. Фестивалот го негува и го сочувува од заборавот изворниот фолклор што е национално богатство и е дел од раскошната културна ризница. Инструментите се идентификација на еден народ и преку нив се развива музичката меморија за негување на традиционалната музика.

Околу 30 млади го следеа семинарот за изучување на традиционални инструменти и песни.

Уметничкиот директор, д-р Родна Величковска, вели дека имало голем интерес за учество

– Фестивалот е македонски бренд за одржување на традицијата и фолклорот – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Локалната самоуправа Долнени за фестивалот доби 3,5 милиони денари за уредување на просторот Рудина.

Во рамките на фестивалот ќе се реконструира стариот обичај Тајане Бојане за празникот Иванден 

Loading