ЦРТЕЖИ ВО ЧИНИИ

Прилепско културно лето

Изложбата насловена „Парче торта“ со 30 цртежи и неколку инсталации од Урош Вељковиќ ќе биде отворена вечерва од 20 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“.  

Во рецензиите стои дека изложувајќи хартиени чинии – цртежи во кои била послужена роденденската торта, на кои после јадењето е оставена апстрактна трага со форма, структура и текстура, авторот интервенира со цртежи, преобликувајќи и дефинирајќи ги апстрактните форми во арабескни и стилизирани цртежи…

Вељковиќ завршил ФЛУ во Скопје. Добитник е на наградата за сликарство на ДЛУМ, „Петар Мазев“.            

Loading