ЦЕЛО ЛЕТО БАБЛ ФУДБАЛ НА ВИТАМИНКА

Zabavno trkalanje so  Vitaminka

Годинешната летна серија Бабл фудбал манија на Витаминка стартуваше од Скопје со учество на 22 екипи. За сите учесници прилепската компанија обезбеди освежување со најновите Цевитана вкусови од манго, грејпфрут и минт лимон и додели неколку награди за најдобрите инстаграм фотографии.

Динамичната игра предизвика незаборавна адреналинска забава, во која тим од 5 учесници игра регуларен мал фудбал, носејќи на себе бабл топка. Бабл фудбалот ја продолжува турнејата низ Македонија. Учеството е бесплатно, а заинтересираните на возраст меѓу 15-45 години и не потешки од 90 килограми, можат да пријават тим за следните Bubble football настани на фејсбук страницата на Цевитана.          

Loading