КРИГЛИ И ЅВЕЗДИ ЗА ЕУФОРИЈА

На Пивофестот од 14 до 17 јули

Pivo so Stanojkovska i Dimitrievski

Прилепската група Кроз роуд блуз бенд ќе го отвори 14-тото издание на годинашниот Пивофест на 14 јули, а загреБската легенда, Парни валјак, ќе ја спушти завесата на пивската фешта на 17 јули. Ова го најавија организаторите на фестивалот на пивото, кои очекуваат низ центарот на градот четири дена да владее еуфорична атмосфера на над 350 илјади посетители на славата на пивото.

Според Снежана Ристеска од локалната самоуправа, четирите дена ќе се претстават македонските пиварници и неколку германски и чешки производители на пиво на 30 штанда.

– Ќе забавуваат групи и интерпретатори од Македонија, Србија, Хрватска, Грција, Романија дури и од Јамајка. Реге артистот Рафаел е дел од програмата, потоа Тропико бенд, па групата од Белград, Самостални референти, Каролина Гочева, Миле Кузманоски, дуото диск џокеи од Грција, Банг ла дек, Романците, Флај Проџект, Хари Мата Хари, Рада Манојловиќ, Аца Лукас, Дејан Петровиќ и Александра Радовиќ – рече Ристеска.

Организаторите соопштија дека се пополнети сместувачките капацитети во хотелите, но затоа се најдуваат легла во приватното сместување. Традиционално, за младите ќе се организира камп на Паркот на револуцијата каде гостите секое утро ќе бидат почестени со чорба, кафе и чај.

Пеколна и спектакуларна забава при кревањето на криглите најавија водителите Жарко Димитриевски и Марјана Станојковска.                      

Loading