ВРАЌАЊЕ НА ГРАДСКОТО ДЕРБИ

Пинг – понг

Mladata ekipa na Mladost 96

Младата екипа на Младост 96 го освои првото место во прволигашката конкуренција и доби статус на суперлигаш. Во наредното првенство се враќа некогашното градско дерби со екипата на Младост, освојувач на петтото место во Супер лигата, кое треба да стартува во септември. Во двата табора отсега се размислува за големата борба. Можно е составите да претрпат измени, со засилувања. Прилеп го враќа епитетот пингпонгарски центар, бидејќи покрај Скопје и Штип е град со два претставника во највисокиот ранг.

Претходната сезона за Младост 96 настапуваа З. Рикалоски, А. Рикалоски, Стомнароски, Х. Иваноски и М. Иваноски, а за Младост играа З. Јованоски, М. Петрески, Јочкоски и Илиески.

Loading