ДЕСЕТ МЕДАЛИ ОД СТРУГА

Џудо

Nadezna generacija - XK Seisin

Третиот меѓународен џудо турнир во Струга беше бериќетен за ЏК Сеишин. Освои 10 медали во три категории. Во групата на деца, “златото” го зедоа Теодора Тасеска, Никола Магдески и Димитри Џокоски, а “среброто” Теа Настоска. Кај помладите пионери две втори места со “сребра” им припаднаа на Георгиј Магдески и Леона Настоска.  И постарите пионери освоија четири медали. Се истакна Марко Тодорчески со второто место, а тројца стигнаа до третото: Кристијан Тошески, Орде Трајкоски и Јован Најдоски.

Нема пауза за Сеишин. Одморот е планиран после учеството на меѓународниот турнир во Солун, Грција, на 26 јуни.

Loading