КУБАНСКИ БОКСЕРИ ВО ПРИЛЕП

Историја

Во ноември 1978 година, во салата „Македонија“ се одржаа четвртфиналните борби од боксерскиот турнир „Златен гонг“ пред 3.000 гледачи. Спортските љубители, кои дотогаш најчесто гледаа фудбал и ракомет, видоа одблиску квалитетни борби од благородната вештина. Покрај југословенскиот “крем” со Сеитовиќ, Шаќировиќ, Петковски, Стефановски и Кнежевиќ, учествуваа боксери од СССР, Полска, Романија, Бугарија и најголемите асови од Куба. Најпривлечниот  беше мечот меѓу Кубанецот Деспаине и домашниот, југословенски боксер Мутиќ од Топличанин. Мутиќ  го доби дуелот со нокаут и ги освои гласовите на комисијата која го прогласи за боксер на вечерта.

Loading