БОРЕЦ ОСТАНА СУПЕРЛИГАШ

Бараж

Екипата на Борец успеа да го задржи суперлигашкиот статус откако со 26-20 (15-9) го совлада тимот на Вардар 2. Искусните велешани немаа проблем во салата “Ричко” против младинците од Скопје, кои добија право да настапат во бараж – мечот како второпласирани, иако претходно имаше толкувања дека наместо нив треба да се појави ресенска Преспа. Исходот се насетуваше според првичното водството од 6-1 за Борец. Екипата водеше до последниот свиреж на сирената. На крајот радоста беше поделена со навивачите, “Гемиџии”. Мечот без грешка го отсудија прилепчаните Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески.

Така комплетиран е списокот суперлигаши за наредната сезона: Вардар, Металург, Работнички, Вардар ј., Пролет (Скопје), Струмица, Прилеп, Охрид, Радовиш, Борец (Велес) Пелистер и нововлезениот Работник (Битола).

Loading