МИСКОЈНА ВО ПРИРОДА

Rebro na ogan vo priroda

Се рашири мирисот дури до Витолиште, до Живово, до Манастир од разгорената скара во дворот на Св. Илија во Мелница. Мискојна замириса оттаде Железна врата. Вкусното избрано месо од месарницата Боеми се престори во гурманско задоволство од кое прсти се лиже. Со сите финти и специјални тертипи на подготовка кои само искусните еснафлии ги знаат од скараџискиот занает, се подготви највкусниот оброк во природа. Ем, како што е “удина” месото во витрините на месарницата, ем така вкусно се закалеши на тивкиот оган.

Дека Прилеп ја има најдобрата скара знаат сите. Не бадијала сме домаќини на фестивалот на пивото и скарата повеќе од една деценија. Гурманите и љубителите на месото на жар бројат “ситно”. Од 14 до 17 јули ќе се густира на најновото издание на фестивалската фешта. Вкусниот залак ќе се залева со ладно горчливиот вкус на пенливото задоволство. 

Loading