ЛАНСИРАН НОВИОТ СПОТ „БЕКРИЈА“

БАЛКАНИКА БЕНД      

Pesna za kafanskite meraklii  

Убаво за уво, но и за око е содржината на спотот, првенче, насловен „Бекрија“ на групата Балканика, што е препознатлива по разноликоста на инструментите. Во спотот, составот еднаш е собран во кафеана, а во следниот миг е искористена камената природна красотија на Трескавец, додека се лее песната со рефренот, “Дајте вино да се пие, песна срце да ми бие, да ги фрлам сите пари на вино, жени и кафани”. Ритамот и мелодичноста ветуваат дека песната ќе стани хит, баран не само на семејни веселби. Особено ќе им се допадне на нашите во странство, кои тагуваат на свој начин за животот во родната земја.

Музиката, текстот и аранжманот се на Мендо Ташкоски, а видео записот е дело на Христијан Конески.

Шестчлениот бенд полека гради музично име, работејќи напорно. 

Loading