ВАГОНЧИЊАТА НА ПАРТИЗАН

Patuvanje so visecki vagoncinja

Градот имал богата индустрија. Еден од првите високи индустриски оџаци со поголеми димензии и препознатлив не само за Прилеп беше кренат во фабриката Партизан. И денес сведочи на пионерските чекори на индустријализацијата. Покрај него, еден, за тогаш, грандиозен систем беше познатата жичница со вагончиња со должина од околу 30 километри за пренесување на дијатомејска земја од Мариово до Прилеп. Жичницата од селото Манастир преку Црна Река, па Дуње и Кален, преку планина до Прилепец и стигнуваше до фабриката Партизан.

Бидејќи Мариово немаше саглам пат, често мариовците се качуваа во вагончињата и заедно со земјата за термо цигли стигнуваа до пред Партизан. Таму скокаа од вагончињата да не бидат казнети од управата за небезбедно бесплатно “возење”. Некои при скоковите паѓаа и се повредуваа, дури и минуваа со скршеници на екстремитетите. Некои киснеа во височините и планините со саати по дожд и невреме кога ќе снемаше струја и вагончињата ќе застанеа во лулежот на ветерот. Сепак, и тоа било доживување. Зашто доаѓањето до градот било лесно, за неколку саати, а не со пеш, мачно со запрега со денови. 

Сликава сведочи за дел од системот, кој не се одгатнува, дали е на стартот во селото Манастир или на целта во фабриката каде се истоварувала земјата. 

Loading