ПИВОФЕСТ СО РАДА, ХАРИ МАТА ХАРИ, КАРОЛИНА…

pivo fest promo

Балканската ѕвезда Хари Мата Хари заедно со македонската поп икона, Каролина Гочева и српската фолк дива Радмила Манојловиќ, се извесни забавувачи на идното издание на пивофестивалот, покрај Аца Лукас од 14 до 17 јули. Организаторите ниту ги потврдуваат, ниту ги демантираат сознанијата дека Аки Рахимоски среде лето со препознатливиот и атрактивен зарипнат глас ќе ги пее хитовите од осумдесеттите години од минатиот век. И љубовни балади ќе се густираат со пиво на плоштадот со вокалот на Хари Мата Хари, Хари Варешановиќ. Новиот музички стил што го негува Гочева ќе блесне на сцената на Пивофестот. Атмосферата ќе ја пали и атрактивната фолкерка од Србија, Рада Манојловиќ. Се дознава дека дел од програмата на четиридневната фешта на пивото ќе биде и македонската група Куку Леле.  

Српската фолк ѕвезда Аца Лукас на својата фан страница пред десетина дена го најави учеството на фестивалот во Прилеп.

Loading