ХЕДИС Е ТРЕТОПЛАСИРАН

Мал фудбал

Во градов мошне успешно со години се одржува турнирот во мал фудбал “Свети Никола”, како израз на една долга традиција, но од друга страна, нелогично е што јавноста малку знае дека постои екипа која учествува во ситемот натпревари во сродна дисциплина – футсалот. Можеби причината е тоа што името КМФ Хедис не асоцира на градов. Тимот го води легендарниот играч, тренер и некогашен селектор Петар Ветаџокоски. Натпреварите најчесто ги игра во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Понекогаш како домаќин настапува и во Битола. Околностите не í пречеа да постигне добри резултати во минатата сезона. Во највисокиот ранг, Првата лига, забележа 14 победи, едно реми и 12 порази за трето место на конечната табела од 10 тима. Со освоените 43 бода веднаш е под скопските Железарец и Шкупи.

Во рамките на Купот екипата на Хедис стигна до полуфиналето. 

Loading