Историја
Во мај 1979 година заврши првенството во Меѓурепубличко – покраинската пингпонгарска лига, каде во конкуренција на осум тима од Македонија, Косово и Црна Гора, првак стана екипата на Младост. Составот (Миле Петрески, Петар Јованоски и Никола Мачески) успеа да победи на сите натпревари дома и на гости. Единствениот пораз беше службен од 3-0 во Приштина. Истиот ривал беше совладан со 5-3 дома во последното коло. Така се стекна правото за учество во квалификациите за пласман во Првата лига. Во Борово беа претрпени порази од Кикинда, Борово, Марибор и Ниш, а совладан скопскиот Гранит.
Успесите продолжија и наредната година.